Со сила убавина не бидува
Автор: Вилијам Шекспир
Година на издавање: 1590
Долго време се мислело дека ова е едно од најраните дела на мајсторот од Стратфорд на кое тој чиракувал и го учел занаетот. Во поново време, шекспиролозите утврдиле дека ова сепак не е една од најраните драми, туку дека е создадена во периодот кога се напишани Ричард Втори, Ромео и Јулија или недрамските дела вклучувајќи ги и сонетите. Mногубројните поставувања на сцена, покажаа дека Со сила убавина не бидува е сè уште привлечна како забавна пиеса, мистерија, па и како драма. Најраниот текст на драмата е од кварто изданието од 1598 година на чија насловна страна стои: “Пријатно срочена комедија наречена Со сила убавина не бидува. Како што беше прикажана пред нејзиното величество овој Божик. Поправена и зголемена од Вилијам Шекспир.”