Расцутување
Автор: Божидар Јовиќ
Година на издавање: 2013
Во книгата во која се содржани над 70 песни, авторот ја обработува вечната тема на младоста, љубовта и природата, а инспирацијата се неговите средношколски и студенски години. Книгата е наменета за младите од 18 до 20 години, препорачана и како лектирно издание за подобро литературно изразување посебно на младите. Нема нешто што не е опфатено, но најмногу е врзано за природата, за оние напливи кои се случуваат во природата кои ако ги претвориш во песни ќе добијат сосема друга димензија, а Божидар Јовиќ успеал во тоа.