13
Автор: Жарко Кујунџиски
Година на издавање: 2010
Раскази! Не, колекција на раскази на Кујунџиски. Ама не обични, досадни, туку застрашувачко убави постмодернистички раскази кои ќе те натераат да размислуваш многу долго за нив откако ќе ги прочиташ. Ќе се навратиш повторно, ќе се прашуваш дали добро го толкуваше расказот!? Ќе посакаш да знаеш многу повеќе за постмодернизмот за да успееш да го разбереш во целост Кујунџиски. Ќе се воодушевуваш повторно и повторно од нив, особено од детството. Ама не се само тие, има и од момчештвото, од младоста и потоа. Има многу, скоро сите наградени, пишувани во текот на неколку години, собрани во оваа книга именувана „13“, којзнае зошто? Не се малер раскази, не тоа сигурно не сѐ!