Песни од мојата душа
Автор: Снежана Паноска
Година на издавање: 2015
Поезија што се одликува со сентиментална лирика, од којашто извираат силни стихови за љубовта, тагата, минатото, спомените, обединети под именителот на севозможното, создавајќи автохтона поетика со ритмичен баланс помеѓу празнините на стиховите, односно одекнување на поетското ехо што се разнесува низ целата книга, зборувајќи за душата на нејзиниот креатор. Книгата поезија: „Песни од мојата душа“ содржи вкупно 35 песни, привлечни и интересни за љубителите не поезијата, со интуитивна моќ да го задржат вниманието и да отворат нови врати во недосоздадениот имагинариум на поетиката, секогаш отворен и за мислата на оној кој чита.