Златното клуче
Автор: Алексеј Толстој
Година на издавање: 1963
Приказната е напишана по мотиви од бајката за Пинокио на Карло Колоди. Делото е напишано во 1923-1924 година, кога авторот живее во емиграција. Сказната раскажува приказни за мрзливиот и непослушниот Буратино кој го напушта домот на татко му Карло. Злосторниците лисицата Алиса и мачорот Базилио го привлекуваат со лаги во Земјата на шегата. За да се спаси од нив и од алчниот и страшниот Карабас Барабас, дрвеното човече треба по секоја цена да ја открие тајната на Златното клуче.