Гаврош
Автор: Виктор Иго
Година на издавање: 1862
„Клетници“ е роман на Виктор Иго во пет тома, кој првпат е објавен 1862 година. Тој е еден од првите бестселери во тогашното издаваштво. Станува збор за возбудлив моралистичко-хуманистички роман во кој Иго ја отсликува широката друштвена состојба на Франција, добата после Француската револуција и Наполеоновите војни. Романот го следи животот на главниот јунак Жан Валжан, поранешен робијаш со број 24601, кој бара начин да си ги откупи гревовите и да започне нов живот. Токму преку неговиот лик, Иго ја отсликал поентата на романот - дали да ја кажеш вистината по цена на вечно осамеништво или, пак, да молчиш и да дозволиш да те сакаат без вистински да те познаваат?! Валжан секогаш ја одбира првата опција и токму поради тоа постојано е оттурнуван од општеството. Покрај Жан Валжан, во романот се појавуваат и цела галерија ликови со своите приказни, судбини и емоции. Едни од највпечатливите се ликовите на Козета, Фатина, Гаврош, Мариус, Тенардиеви итн. „Гаврош” е несаканото средно дете и најголем син на Тенардиеви, помлад од неговите сестри. Тој е оставен сам на себе и е уличар. Тој храбро се грижи за неговите две помали братчиња без да знае дека тие се поврзани со него. Тој учествува во барикадата и е убиен додека собирал куршуми за АБЦ студентите од некој мртов национален стражар.