Оливер Твист
Автор: Чарлс Дикенс
Година на издавање: 1837
Темата на овој бесмртен роман е животот на сиромашните деца, особено децата што биле разделени од својот родителски дом, од своите најблиски, лишени од топлината и срдечноста што го носи семејниот живот. Тоа е роман за детето Оливер Твист, а преку него за илијадници како него, чиј живот е исполнет со суровости во најубавите детски години што ги доживеал во сиротинските домови, во кои повеќе се гладувало, уште повеќе се плачело, а најмногу се чусвствувала ладнина околу срцето. Сепак менувајќи ги средините, од сиротинскиот дом, до чиракувањето, меѓу крадци и криминалци, се до топлиот дом кај добриот Браунлоу, доживувањата на Оливер се движат со извондредно убав реалистичен опис од вештото перо на Чарлс Дикенс.