Траги во бестрага
Автор: Душка Дуња Гиевска
Година на издавање: 2014
Димензиите временски ја отсликуваат човечката судбина пред војната, за време на истата и по неа. Протагонисти-најблиските на авторката. Mајката која од детството го газела трнливиот пат кој ја водел од немило до недраго. Единствено свето е бракот и чедата соединети во едно сложно семејство. Сестри по мајка или татко, или заедничко – сеедно, но сите го прифаќаат новиот живот, поинаков, поразличен од оној што го дoживеала мајката. “Траги во бестрага” остава белег не само во душата на главните ликови, ами и на чедата родени многу подоцна, во слобода и со нов тек на живот. И денес авторката ги чувствува болните сеќавања на баба и како траги кои длабат во сеќавањата, поради загубата на ќерка си во колоната бегалци во потрага по подобар живот и посреќно утре. Во свеста на авторката шумолат исушените лисја од дрвјата со кои баба и и вујко и го покрија мртвото тело на седумнаесетгодишната девојка, единственото нешто што им се најде при рака таму - во планината.