Како Петко не си ги заврши обврските
Автор: Билјана Петревска Малинова
Година на издавање: 2014
Сликовницата „Како Петко не си ги заврши обврските?“ е дел од образовниот проект Сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Права и одговорности во општеството.