Гладна кокошка просо сонуе
Автор: Блаже Конески
Година на издавање: 1945
„Гладна кокошка........“ е едночинка во која Конески на луциден и извонредно комичен начин ги проследува различните политички перцепции на обичниот народ во пресрет на завршувањето на Втората светска војна. Многумина овие состојби ги препознаваат и во денешните актуелни политички случувања.... Едночинката е изведена на сцената на МНТ во пресрет на дочекот на Новата 1945 година, претходејќи и на првата официјално изведена претстава на сцената на Националниот театар – „Платон Кречет“ на 3-ти април 1945 година.