Мартин Нуната
Автор: Србо Ивановски
Година на издавање: 1979
Макар што зборува за војната, романот “Мартин Нуната” не спаѓа во стереотипните романи на оваа тема кои се занимаваат пред сè со воените дејства. Во него војната е посматрана од еден агол кој во ваквите дела не го сретнуваме често: тоа е окупациското секојдневие, со немаштијата, скапотијата, полицискиот час, блокадите, насилството – и со отпорот кој се организира во сите катчиња на поробената земја. Низ животот на провинцискиот град, и – делумно на селото, писателот ги дава духовните координати на едно живеење кое е зад нас, во минатото, но кое сè уште живее во сеќавањето на многуте од нас. Војната, тука, е несомнено силно присутна, но животот, оној обичен, секојдневен живот тлее – и покрај сите нејзини стеги – во изобилството на своите облици – од љубовта до смртта.