Изгубен пат
Автор: Петре Димовски
Година на издавање: 2009
На пат за посета на жена си Симонка и новородената ќерка Стефанија, Григорие запаѓа во настан од кој излегува со загубени сеќавања и траги што носат страв дека извршил насилство. Тоа го прогонува во бегство за да не им ја однесе несреќата на блиските. Под друг идентитет се населува во планинските предели на Австралија за да не биде препознаен и откриен. Симонка, која од полициската истрага ја дознава вистината за настанот, во кој Григорие спасил девојка од насилници, по индиции дека избегал во далечната земја, со ќеркичката тргнува во потрага да му ја каже вистината дека не сторил злодело туку херојски подвиг. Романот го држи читателот со возбудливото дејствие и се восприема во еден здив.