Евгениј Онегин
Автор: Александар Пушкин
Година на издавање: 1833
Темата во романот е љубовта, младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана кон Онегин и нејзиното созревање. Времето на случување се дваесеттите години од 19 век, во Петроград, на село и во Москва. Дејствието се одвива по хронолошки ред со паралелен развој на неколку сижејни линии. Самиот писател ја доживеал судбината на својот лик Владимир Ленски (починал во двобој). По истиот роман, Петар Илич Чајковски ја напишал истоимената опера. Делото е преведено на неколку светски јазици и се смета за едно од најголемите светски класики кои некогаш биле создадени.