Цвеќињата на злото
Автор: Шарл Бодлер
Година на издавање: 1857
Шарл Бодлер без сомнение е најголемиот модернистички поет, кој со својата поезија драматично ја смени идејата за тоа што e убавината и што може убавината да биде, поставувајќи ги големиот град и урбаната естетика во средиштето на својата поезија. Цвеќињата на злото меѓу другото е и побуна против граѓанското општество и воспоставените малограѓански норми. Побуна против редот, спокојството, благосостојбата и плитката среќа. Стиховите на оваа збирка им ги фрлаат в лице на читателите своите слики на внатрешните маки, на забранетите љубови, на бедата, распаѓањето и смртта. Бодлер е речиси сиот свртен кон темното, забранетото, отфрленото... Бодлер ја почувствувал промената во пулсот на живеењето, промените во сфаќањата и чувствувањата на светот што се случувале кај жителите на големите градови, љубопитноста кон необичното, гладот за силните сензации. На тој начин ја напишал збирката која претставува каментемелник за поезијата што ќе се пишува речиси сто години по него.