Вујко Вања
Автор: Антон Павлович Чехов
Година на издавање: 1897
Вујко Вања е драма од рускиот драматург Антон Павлович Чехов. Објавена е во 1897 год. а две години подоцна ја имала својата премиера во московскиот театар. Главната идеја на драмата е приказ на луѓето полни со емоционални фрустрации, или како што Чехов ги нарекува, „луѓе кои залудно го потрошиле животот“. Ликовите се несреќни, но несреќни на свој начин. Драмското дејство не е класично развиено, туку е одраз на психолошкото настроение на носечките протагонисти. Низ делото постојано провејува необјасниво чувство на меланхолија, која ја наподолнува атмосферата на безработица и безделничење.