Гравири
Автор: Славе Ѓорѓо Димоски
Година на издавање: 1979
Своите песни младиот поет ќе ги означи како „гравири“ со што е изразена неговата приврзаност кон ПОЕТСКАТА СЛИКА, како примарно средство на поетскиот исказ. Врз сликата и метафората тој настои да ја заснове песната, избегнувајќи ги небулозноста, вербалниот окит и нечитливите обрти, стремејќи се да ја досегне јасноста и релјефноста на изразот. Но овој афинитет не ги потиснува и другите одлики на стихозбирката „Гравири“. Иако не го сокрива своето изворно потекло, поетот не сака да остане негов заробеник. Тоа го потврдуваат неговите мотиви од античката митологија, кои повремено се среќаваат, и на кои тој настои да им даде современо обележје и смисла... Милан Ѓурчинов