Со љубов и мир во новиот милениум
Автор: Драгица Пандиловска
Година на издавање: 1999
Во песните што ни ги нуди Пандиловска воочлива е авторската фасцинација од делникот, од секојдневието на една жена во најубавите години. Велам, во најубави години затоа што сите години на жената која умее да сака ѝ се убави години. Пандиловска е личност која што со подеднаков лирски жар пее за младите вљубеници под старата слива како што пее за средбата на читателите со големиот Пауло Куељо.