Басни
Автор: Езоп
Година на издавање: 1
Во басните на Езоп е карактеристично тоа што во нив главни јунаци се животните што зборуваат со јазикот на луѓето и таа особина подоцна ќе ја преземаат сите баснописци. Иако во тие басни човекот е претставен преку некое од многуте животни, сепак тој е централно суштество, и во секоја басна е опишан некој човечки порок или некоја негова слабост: човечката лакомост, завидливост, подмолност, но и многу човечки доблести: добрината, пријателството, гостопримството, чувството за правичност, здравиот разум итн.