Спореден пат
Автор: Славе Ѓорѓо Димоски
Година на издавање: 1991
Сугерирајќи уште со насловната песна „Спореден пат“ едно насочување на поетското интересирање кон можните нови понирања во поетските возбуди кои што „завлекуваат“ понастрана од животот, понастрана од директниот ломеж на срцето и на умот поетот очевидно прави напор да ја помести оптиката на сопствениот поетски резонанс кон т.н. поразложни и поставени медитативни поетски решенија при што со забележлива настојба го воведува стремежот за едно поосмислено интелектуално втемелување на мотивот и на внатрешните устројбени елементи на песната. Бранко Цветкоски