Форми на страста
Автор: Славе Ѓорѓо Димоски
Година на издавање: 1998
Ова е поезија на телесното каде што и јазикот се отелотворува, се опредметува, псната станува тело што води њубов со телото, свеста, битието на читателот, значи не само внатре, во книгата. туку таа љубов станува толку универзална што ја има насекаде. Оваа поезија се чита со телото, а љубовта се води не само меѓу зборовите, меѓу стиховите, меѓу песните во еден ист циклус ами и меѓу целата книга и читателот. Оттука оваа книга денес ни се претставува како модерна Камасутра. Сузана В. Спасовска