Требаше да се сликаме пред да се замразиме
Автор: Блаже Миневски
Година на издавање: 1996
Романот “Требаше да се сликаме пред да се замаразиме” спаѓа меѓу најдобрите прозни дела во македонската литература. Со овој роман дефинитивно се разнишани хиерархиите кои подразбираат еден суперцентар на моќта во структурата, без разлика дали станува збор за структурата на прозниот текст, за структурата на општествата или за суперструктурите каква што е историјата. Станува збор за супериорен роман што спаѓа меѓу најатрактивните и највредните европски прозни дела. Одличен и провокативен роман кој се чита во еден здив.