Вљубеник во зборот
Автор: Иванка Стојкова
Година на издавање: 1995
Поезија без претензии да биде голема, антологиска. Поезија искрена, чиста, едноставна. Поезија што извира од срцето - се влева во срцето. Поезија што нема потреба да го оправдува своето постоење, затоа што се родила со најчистиот допир со животот и неговите манифестации, во неговите најелементарни форми: љубов, среќа, зачуденост, бол, на начин на кој се способни да ги доживеат само децата и поетите.