Дамари
Автор: Виолета Сековска
Година на издавање: 2015
Виолета Сековска со длабоко доживување на светот и себеси ги твори стиховите возвеличувајќи ги убавината, добрината и хуманоста. Доминантни топоси во нејзиното творештво се: љубовта, религиозноста и патриотизмот. Прапочетоците на ова философско-љубовно пеење ја потенцира човековата потреба за креативна слобода и општочовечки вредности. Тага, молк, плач, но и радост, вознес, спокојство еманира од овие стихови. Пеењето е копнеж за светлина. Благородната личност на поетесата уверува дека борбата продолжува и секој миг одлучуваме „за“ или „против“ светлината и нејзините бескрајни перспективи. Уметноста е дар за проклетство, привилегија на творците. Душописот е исцеление на себеси, а дар за другите. Универзалните кодови се вознес, а созерцанието пат консебеси. Со величествената моќ на љубовта се доближуваме кон вистинските колосални димензии на животот и неговите светлообразни аспекти.