Срце
Автор: Оливера Ширговска
Година на издавање: 2015
Романот „Срце" претставува извонредна животна приказна, прераска жана далеку од родната грутка Македонија. Желбата за подобра иднина на себе си и своите поколенија, го испраќа едно семејство на печалба во Германија. Повратите во родната земја, ќе ја натераат една од двете сестри, Јасна, токму во татковината да го да го запознае младичот за кој смета дека е човекот на нејзиниот живот. Нивната љубов од едната страна е искрена, а од другата страна е само привидна маска, вешто одглумена, за да се стигне некаде, да се живее паразитски живот на сметка на туѓиот труд и мака, се до денот кога од лицето на ликот Тони, ќе му падне маската на фарсата, за Јасна конечно да го погледне со очите на вистината. До некаде покорена на трдицијата, во борба со својата волја, младата невеста во разидувањето на желбите и различните интереси е оставена, напуштена од љубовта неискрена. Таа дознава дека е во благосостојба, дека во утробата носи дете на човекот кои си поигра со нејзините емоции. Една несреќна околност во нејзината бременост ќе ја донесе до работ на амбисот кога ќе го роди бебето, а веднаш потоа ќе и кажат дека е мртво. Но судбината со конците на животот ќе си поигра, па дрвената марионета на постоењето ќе се придви жи до највпечатливата кулминација. Малиот ангел со срцева мана ќе биде посвоен од Македноци кои живеат во истиот град во Германија, во кој и Јасна живее. И кога ќе дојде моментот да се оперира, ќе се најде во рацете на биолошката мајка, која ќе го препознае по белегот на рамото, кога ќе го види. А биолошкиот татко за прв пат ќе дознае за своето чедо преку телевизија, кога Јасна ќе го бара да донира крв за нивниот син. Тони кој ужива во благодетите на животот, посегајќи по забранетото овошје, седнат во локалниот паб, ќе ја разбистри својата матна свест кога ќе ја здогледа фотографијата на телевизија со молба за негово наоѓање. Малиот херој храбро се бори со компликациите кои следуваат по операцијата, која на крај успешно завршува. Тој сепак е среќно дете на две семејства, има по два пара родители...