Те љубам - Тоа е вистината
Автор: Александар Алексов
Година на издавање: 2015
Кога една младешка љубов, несекојдневна, безгрешна и забранета нема да успее, а зад себе таа љубов ќе остави плодови, тогаш треба да се избориш и да му погледнеш на стравот и предрасудите право во очи. И кога за љубовта ќе изгубиш верба, тогаш таа пристигнува неканета и романтична. Но, дали може да се побегне од сопственото минато? Неверојатна приказна за љубовта, фасцинација од мајчинска непокорност... Роман на емотивни хроники кои го допираат дното на човековото срце, изнудуваат солзи и радост кои на прв поглед ве задлабуваат во драматичен завршеток, па се раѓаат нови почетоци, животни трагедии со неочекувана радост, а најмногу од сѐ ја доловуваат магијата на вечната и вистинска љубов. Доловена толку длабоко и суштински, што ќе ве натера да верувате во неа и уште денеска да ја побарате, да го пронајдете човекот кој знае искрено да љуби.