Пурпурни соништа
Автор: Македонка Чадиноска
Година на издавање: 2015
Толку љубов, толку болка се искажани низ стиховите на поетесата МакедонкаЧадиноска, така што водопади од емоции не заплискуваат додека лакомо ги впиваме нејзините зборови, нејзините мисли и желби, искажани со секој збор, со секоја песна. Плачот и липтежот што излегуваат од нејзините думи, ни оставаат длабоки траги и остануваат во нас, да печат и да горат.Таа умешно ги ткае и везе „Пурпурните соништа“, за љубовта, болката, радоста и тагата. За сето поминато, сонувано и недосонувано. Со филигранска уметност и умешност, да не води низ лавиринтот на нејзините песни, со прекрасна ритмика при читањето и чувство дека сме дел од нејзиниот живот. А песните се читаат во еден здив и во една наслада.