Фениксот на заборавената љубов
Автор: Ирена Стевановска
Година на издавање: 2015
Романот кој инаку за авторката е роман-првенец е со љубовна тематика и зборува за љубовта на двајца млади чии што животни патишта во минатото се разминале но подоцна во животот пак се вкрстиле. Основната идеа на авторката во романот е да ја воспее љубовта и да го истакне чуството кое луѓето го споделуваат со своите родители, со своите деца, со пријателите и со саканите личности, но воедно и до читателите да испрати силна порака да сакаат и да дозволат да бидат сакани и тоа не само затоа што животот е краток и единствен туку затоа што животот како таков без љубовта е навистина бесмислен. Романот ФЕНИКСОТ НА ЗАБОРАВЕНАТА ЉУБОВ е прво самостојно дело на авторката. Истиот е првонаграден на конкурсот на Дата ПЕСНОПОЈ - Битола за 2014 година и ја носи наградата КНИЖЕВЕН ПОСТАМЕНТ.