Песни за три времиња
Автор: Весна Јордановска Тасевска
Година на издавање: 2015
Песни за теми кои се однесуваат на осознавањето на животот низ врвиците на раната младост, зрелоста и насетувањето на неминовноста на животната есен. Комуникација на трите периоди низ кои секоја личност поминува, искуство кое носи сила за внатрешните битки, но и смиреност и леснотија на прифаќањето на она што не може да се измени.