Во Деницата
Автор: Тони Павлески
Година на издавање: 2015
Збирката е составена од 162 хаику творби. Самото хаику не сака некое посебно образложение. Тоа е момент, слика откината од просторот и префрлена на хартија. Колку е посвеж доловениот момент, толку е и сликата повпечатлива, а и хаику творбата е подобра и има поголема тежина. Хаикуто е тристишје во слоговен сооднос 5-7-5, иако може да има отстапки од 12 до 20 слогови. Се надевам дека секој ќе се пронајде во некое од моите хаику творби и дека ќе ужива на страниците на оваа мала книшка...