Нежниот хулиган
Автор: Драган Таневски
Година на издавање: 2015
Романтичен човек кого секоја жена би посакала да го има до себе, покрај себе. Тоа е оној кој знае што сака таа и умее тоа да ѝ го подари. Маж кој знае да ја одбрани, да ја заштити, да ја сака. Верувајте дека по прочитаново дело, поинаку ќе гледате на мажите, со надеж дека романтиката не изумрела. Дело кое нема да ве остави рамнодушни, дело кое ќе ве натера да верувате во љубовта. Роман кој ќе ви ги разбранува сите сетила во еден момент. Роман во кој ќе почувствувате нежност, страв, нетрпеливост, тага...