Така се грми
Автор: Драган Таневски
Година на издавање: 2015
Во поезијата на Драган Таневски се пронижува суштината на животот, љубовта, среќата, тагата, а пред сè на љубовта како движечка сила на животот и неисцрпна инспирација на поетот кој неуморно создава-грми. Неговите стихови како молња се провлекуваат по македонското литератуно небо и со секавична брзина го освојуваат читателот. Затоа што тоа е несекојдневна поезија за секојдневни нешта кои случајно или намерно се подзаборавени од современиот човек или пак современиот начин на живот на човекот. Прочитајте, ќе се уверите!