Двете во мене
Автор: Розита Христовска
Година на издавање: 2015
Кога ќе ја прочитате првата песна од стихозбирката “Двете во мене”, неизбежно продолжувате понатаму, сè до крајот, во еден здив... Едноставно, поетесата Розита Христовска ве понесува со моќта на зборовите, ве совладуваат емоции, се соживувате со истите мигови, час слатки час горчливи, се наоѓате во песните преплавени со болка, копнеж, љубов, носталгија... истовремено љубите, страдате, сонувате...