Стихови за љубовта
Автор: Ана Цветаноска
Година на издавање: 2012
Бунтовничката со перо, ни подари ода на љубовта и хуманоста! Една поетска душа ни ја подари љубовта на дланка. Низ стихови не спушти до нејзините најдлабоки дамари и ни ги ископа своите чувства, откривајќи ни го тој нивен таен шепот, нам драги читатели. Таа успева така чисто и добронамерно да ги опее воздишките, желбите, копнежите, спомените. Трепери едно срце од ехото на животот, од епилогот на љубовните средби и случувања. Едноставно Ана знаела како на најлесен начин да допре до читателот.