Чаша полна светлост
Автор: Вера Симовска
Година на издавање: 2013
Поезијата на Вера Симовска е вдахновено духовно пловење низ универзумот на Творецот. Поетесата воскликнува од радост на патот од “Ништото, каде немаме Ништо со ништото” до Бога во кој имаме се. Контемплацијата за излегувањето од ништото како небитие и нурнувањето во свесноста за “се” како битие претставува водечка нитка во стиховното творење на книгата “Чаша полна светлост”. Претставува скромно Благодарам, за совладувањето на животните предизвици со помош на Христовата Вистина.