Во името на спекулацијата
Автор: Лидија Давидовска
Година на издавање: 2002
Ако метафората е инструмент за создавање што Господ го заборавил во телото на една од своите креации (човекот), тогаш компарацијата е инструмент што во прецесот на именување Марвиновата песна намерно го остава да “срасне” со телото на креацијата (песната). Гласот на Мервиновата песна зазема феноменолошки став во однос на универзумот. Прашањата што си ги поставува се за местото на човековото суштество фрлено во даденоста на светот, за границите на знаењето и можноста за самоспознание, прашањата за Господ, за боговите и за осаменоста, за на крај, не наоѓајќи ги конечните одговори, цврсто да го зграби објаснувањето за животот како подарок подарен од...