Гилгамеш
Автор: Без автор
Година на издавање: 1
Сумеро-вавилонскиот еп „Гилгамеш“ е најстарото литературно дело за кое знае книжевната наука во светот. Времето на неговото создавање на специјални глинени плочи научниците го датираат во ХIX или ХХ век пред н.е., што значи дека овој еп е создаден неколку векови порано од славните Хомерови епови, како и од сите други познати древни дела („Веди“ итн.). Епот е создаден и е напишан на јазикот на Сумерите, народ кој тогаш бил населен во долниот дел на Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат, па се смета дека токму Сумерите се зачетници на најстарата зачувана култура и творци на првото писмо во историјата на човештвото, а јунакот кој цел живот бил во потрага по човечката бесмртност, ќе стане бесмртен во светската литература.