Белата долина
Автор: Симон Дракул
Година на издавање: 1965
Kнига за еден човек, роман со една вистинска личност. Секако дека еден ваков зафат претставува своевидна авантура, полна со несогледливи опасности што можат да ја сведат формата на романот, и неговата суштина, на еден насетен 'рбет, да го остават тој единствено главен човек на песочина преку која се суши вистинскиот живот и целото ткиво на книгата останало осиромашен куп зборови во кои само малку, понекогаш проблеснува вистината. Опасноста има и свој формален, но многу драстичен вид: На тој начин може да се случи да се направи еден текст кој не кажува којзнае колку и којзнае што.