Раскрилени пораки
Автор: Стојан Арсиќ
Година на издавање: 2008
Низ „Раскрилени пораки“ авторот продолжува да го открива детскиот свет, што го согледува и како родител и ка¬ко просветен работник, но пред се низ душевноста на детето притаено во него, што може да се забележи низ но¬ста묬гични навраќања во она што минало, иако настојува да го следи чекорот на современото дете. Поетската збирка содржи 104 наслови распределени во циклуси: Не е лесно, Се на свое место, Кажи ми ... и Пораки низ сказни. Општа карактеристика на оваа нова поетска збирка на Стојан Арсиќ е светла порака низ која се насетува ненаметлива поука, што насочува кон широки хоризонти, а воедно спротивставување кон сето што го попречува позитивниот развој на младата генерација. При тоа авторот настојува максимално да се повлече во заден план, па многу често употребува форма за прво лице – директно обраќање на дете кон своите врсници, што секогаш не му успева и при употреба на едноставна и јасна лексика.