Крстопат на умот
Автор: Стојан Арсиќ
Година на издавање: 2006
Во “Крстопат на умот” петот Стојан Арсиќ зафатил широк дијапазон на теми, првин од оние лични и интимни, па се до национални и глобални. Всушност тоа е се она што го засега авторот и го интригира, но и човекот во ова наше време. Мракот и светлината се сменуваат во просторот на секојдневието што го живее авторот, но не и само тој, обидувајќи се да го извлече светлосниот зрак како симбол, како порака и надеж дека во битието светлината ќе ги надвладее мрачните сили толку силни и моќни во денешно време. Затоа тој ќе се најде на Крстопат на умот како што авторот го насловил и овој негов ракопис.