Пеперуга со натопени крилја
Автор: Драгица Најческа
Година на издавање: 1969
Писателката Најческа во 1969 година го објави и својот прв роман, "Пеперуга со натопени крилја”. Тоа беше истовремено и прв роман од автор жена, кој ја освои македонската читателска публика со специфичниот и извонредно едноставен реалистички пристап и исказ, соопштувајќи работи што навлегуваат во сериозни страни на животот.