Крстопати
Автор: Драгица Најческа
Година на издавање: 1995
Во романот "Крстопати”, Најческа ги спротивставува – материјалното и духовното, како опција за избор на содржините на животот, на смислата на животот, посебно кај помладата генерација. Дејството во романот е водено преку животните патеки на членовите на едно четиричлено семејство и нивните судбини, посебно на двајцата браќа од кои секој избира посебни животни содржини.