Бог да ги бие кучињата касапски
Автор: Горан Јанкуловски
Година на издавање: 2015
Стварноста во хаику песните на Стиховен Калибар - Горан Јанкуловски е груба, сурова, улгарна, деструктивна, неменлива, без ниту трага од „природна убавина“ или изделување на некакви животни вредности. Луѓето во неа, пак, се поделени, радикално спротивставени, анимозни: едни се „до корен“ мали, ништожни, маргинални, обезвреднети, омаловажени, унижени, немоќни, но многу повеќе јадосани, ревлолтирани, гневни, жестоки, вулгарни; други се „ѓубре што не дава плод“.