Доктор Орешкоски
Автор: Стале Попов
Година на издавање: 2007
Фабулата на романот е концентрирана околу грижите на доктор Орешкоски за спасување на тешко оболената од туберколоза млада селска девојка Лилјана. Тој чини се за да ја спаси од канџите на смртта. Употребува нови лекови, прибегнува до експерименти, најгрижливо го следи лекувањето и на крајот успева да ја победи смртта. Но не завршува со тоа. Во Лилјана тој гледа девојка што треба да се спаси и од крајната заостанатост. Таа е неписмена и Орешкоски и овозможува уште во текот на лечењето да се описмени и да се подготвува за завршувањето на основното школо. Хуманистот Орешкоски успева и во тоа. Во одморалиштето Лешок Лилјана, и пак под грижите на Орешкоски, кој ја посетува секоја недела, таа се подготвува и за завршување на осмолетка. По тоа Лилјана е веќе на учење во школото за медицински сестри. Орешкоски е бескрајно радосен од нејзиното рекордно напредување. Некогашното неписмено селско дете е веќе на прагот на хуманиот позив што е близок до оној на нејзиниот спасител. Затоа е бескрајна и нејзината благодарност кон него.