Срмените воздишки на љубовта
Автор: Драгица Пандиловска
Година на издавање: 2010
Авторката со оваа книга, со својот силен и креативен дух, ни ја отвара суштината на своето поетско живеење, творење и пеење. Книгата ја започнува со љубовта кон “Татковината”, за потоа да не покани во сплотување на сите без разлика на различностите и културите за да продолжиме и понатаму: “Со љубов и мир во новиот милениум”, со пораката: “И рече Господ”, да ни каже за “Три желби”, да ни раскаже како е потребно да се возвишуваат нашите градови: “На Скопје со љубов”, потоа за традициите, празниците и верата: “На ден Велигден”, за разделбите на родителите, браката, сестрите и другите најблиски кога заминуваат и остануваат далеку од нас: “Туѓино јабано”, а за да живееш и опстанеш во животот и на неговите ветрометини, таа ни ја нуди песната “Верувам во љубовта”