Случки од животот
Автор: Драгица Пандиловска
Година на издавање: 2014
Во првата збирка проза "Случки од животот", поетесата Драгица Пандиловска на еден непосреден начин ни доловува секојдневни случки со ведар дух и таму каде што е трагикомично, и таму каде што е голема болка и страдање, а особено тоа се однесува на современата вработена жена. Жена која и покрај се мора секојдневно да се справува со непишаните норми во животот на Балканот кој опстојува со векови. Тоа се многу добро познати работи, но се премолчуваат, кријат, стравување од некого и тн. Во секоја од овие случки писателката сака да ги охрабри тие "жртви", да се пронајдат себеси да ги сватат пораките и да се изборат за своето човечко битисување. Со крената глава и стоечки да почнат да ги рушат тие вековни табуа и норми.