Битолчанката
Автор: Оливера Доневска
Година на издавање: 2014
Љубовна приказна со среќен крај. Некој е во некого вљубен, и, за среќа, љубовта е возвратена, но некој е неразбран, некој страда, неколку солзи, тешки зборови и гордост... И ќе си речеш толку, едноставно е, како и секоја друга љубовна приказна. Ама оваа случајно завршува среќно оти да се прави вистинското нешто не значи нужно дека ќе има среќен крај. Затоа и е присутна дилемата на главниот лик секогаш по секоја нејзина одлука да воздивнува под неговото тело. Дали го прави вистинското нешто? Веројатно не е ни толку важно сè додека во сè што прави постои чиста гола кршлива надеж за подобар живот.