Млади синови
Автор: Васил Иљоски
Година на издавање: 1955
Драмата „Млади синови“ е приказ на судирот на две генерации, спонтаниот антагонизам меѓу староста и младоста, меѓу две сфаќања, две идеологии. Додека таткото се плаши да не го загуби единствениот син, синот не ги заборава неговите другари партизани кои ги дадоа своите животи за слободата во драматичните услови кога се решава опстанокот на нашиот народ и неговата судбина. Всуштност тоа е филозофија на револуцијата и војната против фашизмот. Тоа е време кога синовите се тие што одат напред и ги поведуваат по себе и татковците.