Окрвавен камен
Автор: Васил Иљоски
Година на издавање: 1968
„Окрвавен камен“, е драма која почнува со нападот и ослободувањето на Крушево, а завршува со борбата на легендарниот Мечкин Камен, на кој Питу Гули со својата чета ја бранеше Републиката од налетите на многуилјадната турска војска и башибозучките орди, изгинувајќи сите до еден и со своите животи потврдувајќи го лозунгот испишан на црвеното од крв и копнежи Илинденско знаме: СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!