Девојко мала
Автор: Наташа Димитриевска Кривошеев
Година на издавање: 2014
Книга со приказни во кои ќе се препознае секој што пораснал на скопската калдрма. Секој ќе ја најде својата асоцијација за Скопје со ж`та со шопска и карираните чаршафчиња во Кермес, Езерце ... ќебапите во Старата скопска чаршија преку Камениот мост во 80тите кога Идоли ја препеаја Девојко мала ... Ако сакате да сте пред Ванила, кај Чичко Стоислко, во Шехерезада на шампита, или на боза во Апче... да патувате низ времето. Книга која ќе ви предизвика и смеа и солзи во која главните ликови секојдневно ги среќавате на улица. Прирачник за тоа како да го негувате пријателството со генерации.