Судбини
Автор: Ѓорѓи Лумбуровски
Година на издавање: 2006
Збирка од 12 кратки раскази собрани во пазувата на вистината кои како златножолта слика на изгрев ни осветлуваат во реален приказ едно не така дамнешно време кога своето престанува да биде свое, се станува заедничко а единствената лузна на индивидуалноста постанува тагата, плачот осамата а најповеѓе од се несреќата. Горги Лумбуровски ни го насликува времето на колективизацијата и неговите ликови оживуваат пред нашите очи, ги доживуваме виртуелно а сепак како на јаве. Болат нивните болки. Печат нивните солзи. И токму низ таквите чувства ”Судбини” стануваат глобални, стануваат свои и на човекот со коси очи и на жената со темна кожа само затоа што опишаната болка е овоземска и не застанува нити пред планините нити пред океаните.